Na Putu Do Makedonije

Не е бесмислено, ниту изгубено
На секој грутка во рака
Што до бесвест те сака до последно
Нека оган се пали од сите животи мали
Ко факел од храмот божји, земи го
Под небо простри го

И нека гори сѐ додека не нѐ здоболи
За сѐ она што било
Без ниту еден траг од совести
Па, да сме други
И никогаш да не сме туѓи
Колку би сакала за нас да сме едно
И да појдеме сите на пат до неа
На пат до Македонија

Во болки миена
Од страв неспиена
И сите реки што течат
Се твоите солзи што печат
За нас живот се

Безброј немирни лаги
Твој се извор на таги
Земи го огнот и под небото твое ти простри го
И нека гори сѐ додека не нѐ здоболи
За сѐ она што било
Без ниту еден траг од совести
Па, да сме други
И никогаш да не сме туѓи
Колку би сакала за нас да сме едно
И да појдеме сите на пат до неа
На пат до Македонија
На пат до Македонија



Credits
Writer(s): Inconnu Compositeur Auteur, Kaliopi Bukle
Lyrics powered by www.musixmatch.com

Link