Kula

Извикувам парола
Cо мастика во уста
Пред зграда на парада што води во ништавило
Од сите можни зраци
Jас гледам само сенки
Од сите мои предци јас глодам само коски

Јас не сум Кула, јас не сум Храм!
Кула и акул и крај, длабок но извор и рај
Јас, сум сите Луѓе што ги знам
Луѓето, народот, трај, верба во себе си дај
Јас не сум супер-Стар, јас не сум Млад!
Јас сум си супер, не стар, супа сум течам ко крал
Јас сум сите кои живеат во сопствен САД
Грозен си Сад или Град, со лице во небо а очи во кал

Извикувам парола
со себеси во уста
Се држиме за рака, ми зборуваш за Запад...
Антерос е шарен
Jас сум црно-бел и збеснат
Излегувам на чардак и молам за Сидра и Случај

Јас не сум супер-Стар, јас не сум Млад!
Јас сум си супер, не стар, супа сум течам ко крал
Јас сум сите кои живеат во сопствен САД
Грозен си Сад или Град, со лице во небо а очи во кал
Јас не сум Кула, јас не сум Храм!
Не би држел ни кафич во овој град

молам за конец за Сидра и Случај
молам за конец за Сидра и Случај
молам за конец за Сидра и Случај
молам за конец за Сидрааааа



Credits
Writer(s): Mario Simonovski
Lyrics powered by www.musixmatch.com

Link