Zborovi

Верувам во искрени мисли
Уморни од обиди
Само времето ги направи навика
Нема случајни погледи
Ниту многу нови приказни
Сè што веќе постои направив
Зборови истрошив, ти објаснив
Сè се промени
Зборови не троши, покажи ми
Дека тука си
A-A-A-A
Верувам во сонови, молк
Вистинити одговори
Само тивка сум и тишина ме двои
Во непредвидливи разговори
И бесмислени изговори
Без глас ти одговорив, ме слушна ли?
Зборови истрошив, ти објаснив
Сè се промени
Зборови не троши, покажи ми
Дека тука си
A-A-A-A
Момент ми треба за спокој
Момент ми треба за мир
A-A-A-A
Зборови не троши, покажи ми
Дека тука си



Credits
Writer(s): Dina Jashari
Lyrics powered by www.musixmatch.com

Link