Zena Balkanska

Еден живот тајна е
Ова Балкан, Балкан е
Една жена тажна е
Ова Балкан, Балкан е
Една жена тажна е
Една силна жена

Барам сјај во тие очи
Само тага таму чува
Еден живот, многу тајни
А на образ солза сува
Толку многу љубов дава
Топли зборој за да слушне
А на срце камен става
Кога нема да ја гушнеш

Залудно е да се кае
Сѐ што вели вистина е
Долго време мракот трае
Што ќе биде, кој да знае
Секој чекор крие прекор
Покрај него време губи
Мора да му биде слуга
Час го мрази, час го љуби

А во гради срце стега
Нема храброст за да бега
Зад неа е цела младост
На моменти малку радост
Свиена зад тешко бреме
Ни за себе нема време
Залудно е да се кае
Нема назад добро знае

Еден живот тајна е
Ова Балкан, Балкан е
Една жена тажна е
Ова Балкан, Балкан е
Еден живот тајна е
Ова Балкан, Балкан е
Една жена тажна е
Ова Балкан, Балкан е
Една жена тажна е
Една силна жена

Еден живот тајна е
Ова Балкан, Балкан е
Една жена тажна е
Ова Балкан, Балкан е

Еден живот тајна е
Ова Балкан, Балкан е
Една жена е



Credits
Writer(s): Ognen Nedelkovski, Samir Sestan, Sanel Suljanovic
Lyrics powered by www.musixmatch.com

Link