Vo srceto

Не ми го земај срцето, ако неќеш да си во него!
Не ми го земај времето, ако сакаш да си минато!
Не ме лажи ако не ме љубиш, не ме мачи ако не се трудиш!
Не ми го земај времето! Не ми влегувај во срцето!

Каде си? Каде си? Со денови не знам јас каде си?!
Во последно добивам повеќе чуства од овие 4 ѕидови!
Што ли се промени?! Што ли ти влезе во глава и победи, се што имавме се што кажавме полека останува само во спомени.
Се побледи погледи, се повеќе молк се повеќе повреди!
Што ли се случи да не ти ни дојде да пишеш, да прашаш бар "Како си?"
Мислев сме искрени, ти кажав сто пати, што и да биде ти кажи ми! Доволно големи сме да решиме секакви грешки и проблеми!
Но одбираш молк, ме сече во гради што одбираш молк!
Ти подарив душа но сепак ти сакаш да газиш на стариот волк!
Но стариот памти, тој одел по патов бар милион пати! И секогаш пати, за луѓе што не заслужуваат сепак им отвара врати!
Еј повели влези, седни, чуствувај се ко да си дома, јас ти го давам и моето срце ти наместо љубов го ставаш под нога!
ама до кога?! која си ти со моето време да си играш?! Живот се троши како конецот на игла...

Не ми го земај срцето, ако неќеш да си во него!
Не ми го земај времето, ако сакаш да си минато!
Не ме лажи ако не ме љубиш, не ме мачи ако не се трудиш!
Не ми го земај времето! Не ми влегувај во срцето!

Зборови, зборови, само се празни изговори!
Можеш да кажеш што сакаш, но делата делат на пораз и победи!
Стварно ме повреди, ако тоа го сакаше стварно ме победи. Знаеш, веќе не те гледам исто, дури и мене ме промени
Не се ни потруди, те прашав но не ти се трошеа зборови, ко да сум човек од улица ти не ни сакаше ништо со мене да споделиш
Ме остави така, во себе да патам, не должена цена да платам, зар ова го заслужив оти се грижам, сум добар, те сакам не ич не те сфаќам!
За што ли ти плаќам?! За убави спомени долг ли ти враќам?! Зар треба да бидам дебил ко некој што бил за ти да ме сакаш?
На чуства да газам, со се да те варам, без престан да тепам и карам, да газам на секој мој збор, пијан и ќор на секоја втора да барам?!
Така ќе ли бидеш среќна?! Или грешно сум слушнал?!
Или можда од премногу грижа ти здосадив и ете наеднаш изгуби чуства?!
Нека ти служи на чест ако воопшто ја имаш, не би ти посакал да минеш ваква зима!

Не ми го земај срцето, ако неќеш да си во него!
Не ми го земај времето, ако сакаш да си минато!
Не ме лажи ако не ме љубиш, не ме мачи ако не се трудиш!
Не ми го земај времето! Не ми влегувај во срцето!

Ми пиша: "Се, направив се за да те оттргнам од себе!
Небитно што чуствуваме, вака е најдобро за мене!
Не се поврзувам со никој, се ни се случи во погрешно време
Фала за се! Јас те почитувам, барај за кафе во секое време..."
Чекај, МОЛИМ?! Чекај бе застани, кочи! Ти ли ми збораш за почит?! Девојката која ме лажеше додека гола ме гали и гледа во очи!
Кога те барав те немав со денови, недели, можеби и месец дена, сега ми велиш "Барај ме слободно коога сакаш ако ти требам!" Толку ти стега!
Дури и душман да бев ќе ми кажеше право во лице!
Да ми го кажеше ова во старт, сега ќе бевме среќни сите!
Felices los 4,.хах,... Како ли успеав да го занемарам фактот дека со причина побара песнава да ја снимам пак, но ако!
Јас разбирам се! Се ќе се случи во животот в ред! Но никогаш нема да сфатам со што ли го заслужив ладниот лед!
Ме пушти да летам па после ме турна во пекол да паднам!
Баш ми е криво што заради песна ќе те памтам!

Не ми го земај срцето, ако неќеш да си во него!
Не ми го земај времето, ако сакаш да си минато!
Не ме лажи ако не ме љубиш, не ме мачи ако не се трудиш!
Не ми го земај времето! Не ми влегувај во срцето!



Credits
Writer(s): Viktor Apostolovski
Lyrics powered by www.musixmatch.com

Link