Ke Se Vratam Nekoj Den

Научив сè со тебе,
наоѓав зрак по дожд.
И фрлав сон по сон,
претворав страст во бол.
Во љубовта, никој не е свој.

Ќе се вратам некој ден,
со насмевка лажна и душа толку тажна. Ти ми беше лош ден,
навика стара срце што ја бара.
Ќе се вратам некој ден,
и случајно ќе те сретнам,
ќе се сетам пак на пекол и рај,
надеж без крај дека ти ме сакаш.

Научив пак да губам
продадов сè од нас
и фрлав стих по стих,
претворав глас во крик
во љубовта нема главен лик.

Ќе се вратам некој ден,
со насмевка лажна и душа толку тажна. Ти ми беше лош ден,
навика стара срце што ја бара.
Ќе се вратам некој ден,
и случајно ќе те сретнам,
ќе се сетам пак, на пекол и рај,
надеж без крај дека ти ме сакаш.

Ќе се вратам некој ден,
со насмевка лажна
и душа толку тажна.
Ти ми беше лош ден,
навика стара срце што ја бара.



Credits
Writer(s): Ile Spasev, Ognen Nedelkovski, Pance Kasapski
Lyrics powered by www.musixmatch.com

Link