Gosti

Ги земав сите желби, ги сокрив, во надеж ги претворив
Да нема ноќни мори, веќе се изморив од лоши вести
Погледот се смени, само времето од крајот не дели
Останува немир, дали сега сме доволно свесни
Сите гости сме понекогаш
Спријатели се со неправда
Дали стравот знае да помага
Живи сме, но неми, непредвидливо е тоа што не дели
Раздвоени и сами, не е нешто што не прави среќни
Ако имаа боја – деновите ќе беа сиви
Ќе почекам нова пролет да ги направи живи
Сите гости сме понекогаш
Спријатели се со неправда
Дали стравот знае да помага



Credits
Writer(s): Dina Jashari
Lyrics powered by www.musixmatch.com

Link