Nikogash Pak

Одеднаш сите сакаат нешто
Одеднаш сите бараат делче
Сите чекаат на некој
Некој случајно е мене

Слушам, си почнал да гледаш
И одненадеж сите се мудри
Порадо би седел со тие што
Итн. итн

Не сум луд но не знам за
Што ме сметаш мене
Ти ја убив смртта сам
Два пати без везе

Ти родив живот три пати повеќе
Оу, бејбе
Отколку ти што проба
Да, да ми го земеш

Од умот молам промени
Од духот радости
На оро, На оро
Околу своите избори

Сепак, можеби е време
Дворот сопствен да го зачистиме
А црешата на Тоше
Жива да е ве молам

Се колнам таа не е цврста како
Пиреј
Таа вирее поретко
Сама нуди чист воздух, чиста совест, кондиција на потсвест

Секој ден се молам
На Боговите од градот
Да дадат секому што следи

Колку ли пати сум ги чул
Ветувањата на градот
Главите врели

Наместо да отворам уста
Јас отварам срце и отварам врати
Ширам гради
Се надевам ви отворив врати

Благо Дарам

И наместо да
Отворам уста
Јас отварам срце
Отварам врати
Ширам гради
Се надевам ви отворив врати

Од умот молам промени
Од духот радости
На оро, На оро
Околу своите избори

Засрамени од младоста
Вистината изгледа чудно
Себичната уплашеност некои
Сеуште ја одгледуваат будно

Под будното око на ѕидините
На садот во град чии пранги
Се секогаш узда на веселоста
На галопот на константата
Но НИКОГАШ ПАК

И наместо да
Отворам уста
Јас отварам срце
Отварам врати
Ширам гради
Се надевам ви отворив врати
Наместо
Наме
Наме
Наме
Наме
Наме
На место



Credits
Lyrics powered by www.musixmatch.com

Link