Špansko Selo

Ми се згади од сништа
И од туѓи и од своите
Туѓите сништа не постојат за да ги толкувам јас
Во моите сништа секогаш извисувам
И додека спијам од раце ме пушташ
И паѓам

На сон умеам да сторам
Од ѕвезди тивки сезнајни жива кал
Од сè што на сон правам
За тебе лудо
Везден чмаам изморен
Сред Шпанско село

На глава турбан ставам
И триста други чуда
Правам сè да те задржам
Со сината месечина во бели мугри паѓам
А Рацин сè го разбирам

На сон умеам да сторам
Од зината месечина падобран
Од сè што на сон правам
За тебе лудо
Везден чмаам изморен
Сред Шпанско село

Не ми дава
Луда Мара не ми дава жива мира
Не ми дава
Луда Мара не ми дава жива мира

Не ми дава
Луда Мара не ми дава жива мира
Не ми дава
Луда Мара не ми дава жива мира
Не ми дава
Луда Мара не ми дава жива мира
Не ми дава
Луда Мара не ми дава жива мира



Credits
Writer(s): Darko Popovski, Emil Spirkoski, Gorjan Stojmenovski, Mario Simonovski, Simon Peoski
Lyrics powered by www.musixmatch.com

Link