Zenit

Голем газач газам чекор напред, нема назад
Нема да ме згазат
Пошо не им влага нога во толкави чевли
Ама и рака им е слаба
Пошо не им везе вака, после они велат ќе се следни
Аматери едни, златнава дланка за lyrics ама не сум Jamie
Речник богат ко Lannister, речник богат ко Shady
Хибернирав, сега вратен сум гладен
Како библиски пост, со месеци да не сум јаден
Па сте лесна храна, директно во казан ве варам
Ставам зачин пошо сте без вкус, па да надокнадам
И не ми треба најнов audemar за саат
За да се држам до фраза дека времето ми е пара
Flow-от е мрсен, зборот е скршен
Hall-от е црвен, насекаде тела
Score-от е свртен, пенот е врвен
Тронот го држам, и не ви го делам
Спиете на мене, ваљда добри се соновитe
Премлад сум за татко, зашто играм со синовите
Недопирлив сум дури и од Кевин Костнер
Суров кингпин на рап играва ко Ал Капоне
Ќе зборат сите како доби слава ова момче
Само со работа и напор, бистра глава горе
Дај ми бонус, па од вас сме класи, секој слог со рима
Држи фокус, треба раст за раси, како нас да има
Хокус покус, Magic пас кон Gambit, како Lakers игра
Магнум опус, надвор е од ланци триглавата хидра

Дали се слушаш како звучиш
Брат дали се слушаш како звучиш
Монотоно
Повторно со флоуот боли колку е болно
Боље забоди ми го оково, да гледам боље од грото
Војници водам да видат крвта од поморот пак на тронот
Паника, паника нејќам да застанам
Тероров дере на теренот, мењаме настава
Министер
Реформи во рапов, ги нема на друго место
Отуѓен од светов, сам сум си на престол
Кралот на ме боли курот што и да кажат
Брату ќе продолжам вака
Рапериве бараат излез пошто ги држам во рака
Цела естрада за муда да ми се фатат
Мора да се симнам ниво
За да се изедначам со сите останати
Спијам на рапериве, никој нема да ме разбуди
Ве слушам ама не обрнувам внимание
Ломотење во празно ко пратеник во собрание
Пратен сум од господ
Извини пратен сум од себе на светов за спас
Сплет на архангел и ангел во пад
Доаѓам од пеколот но роден сум во рајот на рап
Око за око сум крвна освета
Марче го уби битот, ја ќе го погребам
Васил
Иди читај му молитва

Моли за спас алелуја
Мисли што ум трујат чим чујат дека се преродив
Надвор не оди
Тоа е потребно
Го шепкаат моето име како да сум Волдеморт
Секој sample flip и студио сесии пеколни
Прават среќа во мраз да се претвори
Сe направив сам, немам де-ментори
Butcher ко Бени
Машина без крв во вени
Секоја песна W брат, ко Westside нели
Секој што мислел на начин како да се противи
Секој што нашиот стил го гризел-да се подобри
Решетки ко јавен превоз
Не се правам ѕверот
Но се дур не сум во у студио
Залуден е денот
Маката види ја
Нашите неба брат немаат синила
Рапери автобуси, возат на иста линија
Па да нормално не ги гледам твоите топ 5
Не верувам во паранормално а не па пишан ghost текст
Идат по пара нормално
Кој сум ја да барам нов агол
Одамна ме прават нов ѓавол во градот
Сум им флека
Ко на фасада спрејот со тагот тоа ве чека
Funky не е само прекар



Credits
Writer(s): Marko Zafirovski
Lyrics powered by www.musixmatch.com

Link